За состанокот на Путин и Трамп договорено е времето и местото: Лидериите на Русија и Америка ќе се состанат во трета земја
Москва и Вашингтон постигнаа договор за одржување на средба помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави помошникот на рускито претседател Јуруиј Ушков.
Неговата изјава уследи по средбата на советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон со рускиот претседател. Тој додаде дека местото и времето на самитот ќе бидат објавени утре.
Ушков посочи дека средбата ќе се случи на заеднички усогласена локација во трета држава и дека за подготовките за самитот на двајцата претседатели потребни се уште неколку недели.
Путин на средбата со Болтон, изрази надеж дека посетата на советникот за национална безбедност на американскиот претседател на Москва ќе биде чекор кон обновување на односите меѓу Русија и САД.
– Вашата посета на Москва ни дава надеж дека ќе бидеме во можност да го направиме барем првиот чекор кон целосно обновување на односите меѓу двете земји, истакна Путин на средбата во Кремљ.
Тој посочи дека билатералните односи меѓу Русија и САД во моментов не се најдобри и додаде дека Москва никогаш не посакувала конфронтација.
Теми на разговор помеѓу Болтон и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров беа ситуацијата во Украина, Сирија и билатералните односи.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите
-
Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат
-
Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права
-
Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума