-->
-->
За што највеќе лажат вашите Фејсбук пријатели?
-->

Сите лажат на Фејсбук, тоа е нешто што сите го знаеме. Кога велиме лажат, мислиме на ситните лаги што ги пишуваат, сликите кои ги подобруваат во Фотошоп или слично.
Луѓето отсекогаш сакале да се прикажат пред другите во подобро светло, а интернетот, во овој случај социјалните мрежи како Фејсбук, им овозможија да го постигнат тоа без многу мака.
На крајот на краиштата, кој не сака да се прикаже себеси како интересна, авантуристички настроена личност?
Голема среќа
Фотографии на кои сите се задоволни, се смешкаат, лудо си поминуваат, попратени со откачени и нималку инвентивни коментари или емотикони.
Реалноста е сосема поинаква. Во моментот на фотографирањето сите ќе се преправаат дека уживаат во моментот, само за да добијат позитивен фидбек. Мала е веројатноста дека некој ќе добие „like“ на слика на која не се смее, сериозен е или тажен.
Фотошоп измама
Често се објавуваат „дотерани“ фотографии кои очигледно се средени во Фотошоп, но за „убавината“ се е дозволено.
Оптичка измама дефинитивно, но зошто? Целта е да се добијат што повеќе позитивни коментари и голем број на обожаватели. Искривената вистина е секогаш подобра од вистинската ситуација.
Работното место е најважната ставка на почетната страница
Што повеќе информации за работното место, тоа подобро, дури и кога се работи за лажни позиции.
Сите се претставени како шефови, лидери, уредници и сл. Доколку не ја познавате доволно личноста, никогаш нема да знаете која е нејзината вистинска улога во компанијата и дали е воопшто постоечка.
Инстаграм за сите уметници
Инстаграм е популарна и често користена социјална мрежа. Сите наеднаш стануваат големи уметници со своите фотографии за кои е доволно да се додаде одреден филтер, за ретро, модерна или шарена фотографија.
Тука најчесто можат да се најдат слики од храна, од нивните раце, нозе, лица…
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
-

Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, наскоро и карго сообраќајот
-

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
-

Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
-

Дебранец возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет
-

Приведен жител на Росоман поради закани кон градоначалникот на социјални мрежи
-

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд
