-->
-->
За сезонски берачи на јаболка, Нов Зеланд плаќа до 160 евра дневно!
-->
Според информациите во неколку странски портали, се шпекулира дека на Нов Зеланд оваа година ќе му недостигаат неколку илјади сезонски работници кои шест дена неделно во две смени ќе собираат и пакуваат јаболка и киви.
Нов Зеланд е голем производител на овошје, особено на јаболка. Меѓутоа, оваа далечна земја секоја година се соочува со недостаток на сезонски работници, па се претпоставува дека истото ќе се случи и оваа година. Компаниите истакнуваат дека се работи напорно, по потреба и подолго од осум часа дневно, па така собирачите се плаќаат по учинок, а дневно може да се заработи до 160 евра.
Во зависност од регионот каде се наоѓаат овоштарниците, бербата започнува од март, а трае до средината на мај. Од таа причина, тамошните овоштари бараат од Владата да одобри увоз на поголем број сезонски работници од целиот свет за тие со помош на туристичка виза да дојдат на работа во Нов Зеланд.
Шансите за вработување се многу поголеми доколку имате возачка дозвола, а пожелно е сезонските работници да знаат барем основно ниво на англиски јазик. Исто така, важно е тие да бидат во добра здравствена состојба.
Во Нов Зеланд, минималната саатница е 15.75 долари така што никој не може да заработи помалку од оваа сума.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски во работна посета на Австралија
-
Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8
-
Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово
-
Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“
-
Зеленски: Повеќе од 45.000 украински војници загинаа во војната
-
Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети