За само 5 евра на средбата со европскиот првак!
Фудбалската Федерација на Македонија во период до 25. август 2015 година ќе овозможи сите љубители на репрезентативниот фудбал да купат по промотивна цена билет за натпреварот на Македонија против Шпанија, една од најдобрите репрезентации во светот. Најголемиот дел од билетите се со цена од 150 денари на источната и западната трибина, до 300 денари на северниот и јужниот дел од трибината. Сосема мал дел од билетите ќе бидат со цена од 400 денари. ФФМ се реши за овие популарни и исклучително ниски цени со цел да овозможи овој натпревар во живо да го гледаат што поголем број на љубители на фудбалот и тоа на ден кој е посебен за македонскиот народ, 8. септември, ден на независноста на Македонија. На 8. септември сите на стадион, заедно да навиваме и да ги бодриме нашите репрезентативци. Цените се по промотивна цена до 25. август 2015 година. 
Ново на Сител
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
