За Самитот во Софија многу отворени прашања за домаќинот
- Бугарија подготвува комплицирана кореографија за претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан на 17 мај во Софија за да ги задоволи членкие на ЕУ што не го признаваат Косово.
Според порталот bulgarianpresidency.eu поради учеството на Косово чија независност не ја признаваат пет членки на Унијата (Шпанија, Грција, Кипар, Словачка, Романија) на Самитот нема сите повикани да бидат застапени на највисоко ниво (премиер - претседател).
Шефот на бугарската дипломатија Екатерина Захариева изјави дека не е извесно кои држави ќе бидат застапени на пониско ниво освен Шпанија чиј премиер Марјано Рахој рече на 23 март дека ќе учествува само на вечерата на 16 мај.
Според Захариева, Самитот ќе се одвива во два формата, објави Еурактив.
Пред Самитот на 16 мај на вечерата ќе бидат само 28 земји членки на ЕУ и лидери на институции на ЕУ и темата нема да биде Западен Балкан, туку дигиталната агенда на Унијата.
Следниот ден ќе биде одржан состанок 28+6 (Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, БиХ, Косово).
Домаќин на состанокот е бугарскиот премиер Бојко Борисов, но со разговорите ќе претседава шефот на ЕС Доналд Туск заедно со претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.
Кога станува збор за завршната декларација Захариева нагласи дека некои држави не сакаат да бидат потписнички на текстот заедно со косовскиот претседател Хашим Тачи.
Таа вели дека повеќе би сакала завршната декларација да ја донесат само 28 држави од ЕУ.
Меѓутоа, дел од медиумите нагласуваат дека на државите од Западен Балкан не им се допаѓа нацрт конечниот документ што се фокусира само на поврзување и инфраструктура и би сакале декларацијата да биде заедничка - на 28 држави од ЕУ и шест од Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
