Македонија
30. July 2020 - 12:25

За Регулаторна се неприфатливи дел од трошоците на енергетските компании

Според извори на Сител РКЕ не прифатила голем дел од трошоците кои ги пријавиле енергетските компании а според кои треба да се формира новата цена на струјата.

Поради тоа трите фирми испратиле забелешки кои се разгледуваат.

Предлог одлуките кои се поставени на веб страната се деталните анализи на трошоците кои ги имаат поднесено енергетските комапнии во однос на формирањето на новата цена. По истите пристигнуваат забелешки кои во моментов повторно се анализраат дали се издржани или не.  Одлуката ќе биде донесена утре, се вели во дописот од Регулаторна.
 
Според информациите на Сител се разговара и за можно укинување на евтината струја.
 
Утре треба да биде утврдена новата цена и за парното која според некои информации треба да се намали.
 
 
Ирена Чачкова