Бизнис
11. јуни 2024 - 19:40

За развој на био економијата потребна е поголема едукација и поддршка од државата

Потенцијал за био економија постои, но недостасува едукација и поголема поддршка од државата. Наместо да завршуваат на диви депонии или да се палат,  илјадници тони био разградлив отпад може да се искористат како суровина за повторна употреба, сметаат од центарот за истражување СДЕВЕС - Скопје. Потенцираат дека позитивни примери има, но не се доволни, пред се поради немањето правна рамка и соодветни стратегии.

За да се фати чекор со европските земји треба да се започне од најосновното, примарна селекција на отпадот. За успешно спроведување на овој процес неопходна е едукација на граѓаните, но и соодветна инфраструктура.

Истражувањата покажуваат дека на годишно ниво во државата се генерираат илјадници тони био отпад. Според податоците од регионалниот план за управување со отпад во југоистокот, само во овој регион количините  изнесуваат околу 22 илјади тони,  или скоро половина од вкупниот комунален отпад.