За првпат од Втората светска војна во Црна Гора има негативен природен прираст
Црна Гора минатата година забележа негативен природен прираст, што не се случило од Втората светска војна, откако се водат статистички податоци, изјави демографот Мирослав Додеровиќ за Вијести. Негативниот природен прираст е регистриран со месеци по ред, така што од септември минатата година до април годинава починале 1.668 повеќе луѓе отколку што се родени во тој период.
Вкупно 7.474 лица починаа во Црна Гора од јули минатата година, кога започна вториот бран на вирусот, до април годинава, од кои 1.483 лица ја загубија битката со коронавирусот. Тоа е 2.000 повеќе луѓе во споредба со петгодишниот просек на смртни случаи од 2015 до 2019 година и во споредба со претходната година за тие месеци.
Зголемувањето на смртноста не се рефлектира само кај смртни случаи од вирусот.
Од јули (2020 година) до април (2021 година), со исклучок на официјалните жртви на короната, починале уште 535 лица во споредба со просекот за пет години. Во споредба со истите месеци во 2020 и 2019 година, починале уште 598 луѓе.
Ова го покажува компаративната анализа на податоците од Заводот за статистика Монстат и Институтот за јавно здравје.
Ново на Сител
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница