-->
-->
За патиштата во Крива Паланка 60 тони сол и 180 метри кубни ризла
-->
За реализација на Програмата за зимско одржување во Крива Паланка комуналното претпријатие набави 60 тона сол и 180 метри кубни ризла.
Висината на снежната покривка во Крива Паланка денеска изнесува три сантиметри, а на планините десет сантиметри. Патните правци во централното градско подрачје и локалните патишта се проодни.
- Висината на снежната покривка во централнито гардско подрачје е од два до три сантиметри, додека на повисоките места над 1.200 метри надморска височина висината на снегот е околу десет центиметри. Сите асфалтни патишта во градскиот и приградскиот реон се проодни, а најавите на метеоролозите најавуваат пад на температурите, со што очекуваме и запирање на снежните врнежи, информира Зоран Павловски, раководител на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка.
Од Јавното претпријатие „Комуналец“ укажуваат дека поради најавените ниски температури се очекува појава на голомразица.
- Температурите се умерени, позитивни и снегот кој падна во текот на ноќта и утринава се топи, не задржувајќи се подолго на коловозите. Поради ова немавме потреба да интервенираме, но со најавените ниски температури се очекува појава на голомразица поради што ќе мора да се нанесе сол и абразиевн материјал на сообраќајниците-изјави Дејан Митровски, одговорен за зимско одржување во ЈП „Комуналец“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар