Џет-Сет
12. April 2016 - 12:17

За оваа селфи е потребна храброст: Емина е една храбра жена!

Повеќето луѓе долго се подготвуваат за да направат совршено селфи. За некои фотографирањето е сосема опуштена работа. На пример, Емина Јаховиќ која позира во едно вакво издание.
 
- Спремна за летна фризура и летни бои... ќе се изненадите - порача Емина на Инстаграм, па така и дознавме дека пејачката подготвува трансформација чии резултати со нетрпение ги очекуваат фановите.
Ја чекаме фризурата, а таа изминатите денови покажа колку се посебни оние моменти кои ги минуваме со најблиските, со мајка си и сестра си.
 
Нејзините синови неодамна го окупираа нејзиниот Инстаграм профил, а нејзиниот сопруг, турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал е заслужен за нејзината широка насмевка.