Македонија
30. March 2022 - 16:46

За опозицијата резултатите се сомнителни, за власта пописот бил спроведен по сите стандарди

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пописот го смета за некомплетен. Велат процесот бил спроведен со многу политика и низа пропусти, па во бројките можел секој да се сомнева. Сметаат дека голем пропуст направил Заводот за статистика што не успеал за над 100 илјади граѓани да обезбеди информации за нивната етничка припадност.

Левица која повикуваше на бојкот, не ги признава резултатите од пописот. Велат тоа била политичка операција под палката на ДУИ и СДСМ па ќе бараат ново попишување на населението.

Со резерва на пописните резултати гледа Алијанса на Албанците. И за нив се спорни тие над 130 илјади кои не биле теренски попишани, па за партијата било дилема како бил извршен пописот на тие граѓани.

За владејачката СДСМ, пописот е успех за државата и нејзините граѓани.

И коалициониот партнер ДУИ го смета пописот за успешен. Според Ахемти, сега државата има појасна слика за вкупното населени и процентот на заеднците во државата.

Резултаите од пописот го следа премиерот и неколкумина министри, а во соопштенеито од владата наведуваат дека статистичката операција дала релевантни информации за реалната состојба на населениоето од кои државата ќе моѓже да креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот.