За новогодишната ноќ ведро и тивко, особено топло за викендот
![]()
Магла или ниска облачност ќе има утре претпладне по одделни котлини и вдолж Повардарието, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде претежно сончево и тивко.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), информираат дека продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.
За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.
Од недела до четврток минималната температура ќе се движи од -4 до 6 степени, а максималната од 8 до 18 степени.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
