За Москва е „циркус“ изјавата на Меј дека Русија стои зад труењето на Скрипал
Русија оцени дека денешната изјава на британската премиерка Тереза Меј, според која Москва најверојатно стои зад нападот на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка е политички мотивирана и се базира на провокација.
- Тоа е циркуско шоу во британскиот парламент. Заклучокот е очигледен: ова е повторно информативно-политичка кампања базирана на провокација, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Меј денеска во британскиот Парламент изјави дека е „многу веројатно“ дека Русија е одговорна за труењето со нервен агенс на Скрипал и неговата ќерка. Меј нагласи дека Британија во врска со тој случај е подготвена да преземе далеку посеризони мерки кон Русија отколку порано.
- Голема е веројатноста дека Русија е вмешана во труењето на Скрипал бидејќи е утврдено дека супстанцата е од Русија, нагласи Меј.
Поранешниот резервен полковник на руското воено разузнавање кој бил врбуван за британското разузнавање МИ6, поради што во 2010 година е осуден за предавство, Сергеј Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија од минатата недела се во болница во критична состојба, откако се пронајдени без свест на клупа во градот Салсибери на југот од Англија.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра