За Леонид граѓаните собираат донации, дали ФЗО ќе ја преиспита одлуката?
За Леонид Индов повторно се собираат средства преку телефонски донации. Не запираат реакциите на јавноста по информацијата дека Фондот за здравствено осигурување го одби барањето на семејството, средствата за третманот во Виена да ги покрие државата.
Од ФЗО велат одбиено е барањето бидејќи не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување.
- Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Северна Македонија - стои во соопштението од ФЗО.
За денеска е најавено детално соопштение за тоа што било побарано од Фондот, со каков вид на документација и поради кои причини е донесена оваа одлука. Таткото на Леонид Индов вчера за Сител изјави дека ќе ја обжали ваквата одлука бидејќи упатувањето за лекување во странство дошло токму од доктори специјалисти со конзелијарно мислење.
Леонид замина во Виена за да добие третман со кој ќе може да се ослободи од респиратор и да може да почне самостојно да диши. Тој беше првиот пациент транспортиран со полициски хеликоптер до Виена. Тим лекари од 8ми септември го опремија хеликоптерот и го придружуваа се до клиничкиот центар во Австрија.
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини