За колку кандидати може да се даде поддршка за кандидатура?
Најмалку 13мина сакаат да влезат во претседателската трка на 24 април. Од час на час се зголемува бројот на оние кои од Државната изборна комисија подигнуваат документи за да соберат 10 илјади потписи за и официјално да станат претседателски кандидати. Потписите се собираат од денеска, па се до 8 март. Но, кој се може да го даде својот потпис и каде? Дали еден граѓанин мора да даде поддршка само на еден кандидат или пак, може да се потпише за повеќемина?
Според Изборниот законик поддршка зас кандидатура може да даде секој полнолетен државјанин со избриачко право, но како што објаснуваат од ДИК потписот за потенцијален кандидат не значи и глас.
До крајот на работниот ден од ДИК документи подигнале 11мина. Од нив, 7мина се веќе познати на јавноста: Бујар Османи како кандидати на ДУИ, Таравари како кандидат на здружената албанска опозиција, професорката Ванковска како кандидат на Левица, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ, инфектологот Вело Марковски, како и Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот сојуз. Изјава со инцијатива за собирање на граѓански потписи дале и Томе Николовски, Господин Поповски, Ѓорѓи Манасков и Зорица Цветковска.
На списокот се уште не се наоѓаат двајцата фаворити за шеф на државаата: Стево Пендаровски од коалицијата на СДСМ и Гордана Сиљаноска Давкова од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и. Двајцата ќе ги чекаат партиските конвенции закажани за 2, односно 3 март. Неизивесно дали и тие ќе се кандидраат граѓански, или пак, ќе се искористи можноста кандидатура да се добие со 30 пратеници.
Според роковникот на ДИК, кампањата за претседателските избор стартува на 4 април. Првиот круг е закажан за 24 април, а вториот на 8 мај, кога треба да се одржат и претседателските избори.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар