Македонија
28. January 2018 - 16:36

За кого важи забраната - паркиралиштата на Водно полни со автомобили

Викендов на Средно Водно забраната за автомобили не важеше за сите. Иако не разминаа голем број возила,   полицијата нам не ни дозволи да продолжиме од видиковец. Полицајците го блокираа патот укажувајки им на возачите дека мора да продолжат пеш. Но било вака од утрото. Полицијата пристингнала половина час по пладне, а голем број од граѓаните веќе ги наполниле паркиралиштата на водно.

Од 9 до 16 часот граѓаните имаат на  располагање три  линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25. Но градските власти не успеваат да ја спроведат до крај забраната бидејќи ова не е прв викенд да биде прекршена.

Стенд ап – Ниту казнта од 45 евра не влијае на свеста кај скопјани, голем број граѓани дојдоа со автомобили на Водно.

По пат сретнавме велосипедисти, рекреативци, родители со деца и повозрасни. Не безбедно се искачуваа по патот, бидејќи кога ќе наидеше автомобил беа принудени да му го отстапат просторот.  

Освен паркингот на Средно Водно автомобили беа паркирани и покрај патот. Таблите се поставени на повеќе местата,но возачите како да не ги забележуваат. Забраната беше воведена на 25 ноември, за да се намали загадувањето и да се заштити животната средина.  Но скопјани покажаат дека законите не важат за сите, а Скопје и натаму се гуши во смог.