За ФИФА Аргентинецот Меси е најдобар фудбалер
Мега-ѕвездата на Барселона, Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер во сезоната 2018/19 во избор на ФИФА, победувајќи ги во најтесниот избор својот вечен ривал Кристијано Роналдо, како и дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк.
Аргентинецот ја прими наградата од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на церемонијата во Милано, за да ја додаде на својата богата колекција – пет „Златни топки“, две награди ФИФА Бест, шест „Златни копачки“ и две награди на УЕФА. „Пушкаш“ наградата за најдобар гол, за која беше номиниран, уште ја нема во колекцијата.
ФИФА го објави и својот најдобар состав за 2018/19, во кој изненадувачки доминираат фудбалерите на Реал Мадрид – тука се Серхио Рамос, Марсело, Лука Модриќ, како и новото засилување Еден Азар. Од европските шампиони Ливерпул, тука се Ван Дајк и голманот Алисон.
ФИФПРО НАЈДОБРИ 11
Алисон (Ливерпул, Бразил)
Серхио Рамос (Реал Мадрид, Шпанија)
Матијс де Лихт (Јувентус, Холандија)
Виргил ван Дајк (Ливерпул, Холандија)
Марсело (Реал Мадрид, Бразил)
Лука Модриќ (Реал Мадрид, Хрватска)
Еден Азар (Реал Мадрид, Белгија)
Лионел Меси (Барселона, Аргентина)
Килијан Мбапе (Пари Сен-Жермен, Франција)
Ново на Сител
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК