За екстрадицијата на Грујевски и Бошковски денеска одлука на грчкиот Врховен суд
- Врховниот суд во Атина, денеска треба да ја соопшти одлуката по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, јави вчера дописничката на МИА од Атина.
Откако солунскиот суд на 5 јануари годинава даде зелено светло за екстрадиција, Врховниот суд во Атина веќе одржаа четири рочишта, а послдното се сослушување беше зад затворени врати на 27 април.
За Грујевски и Бошковски во Грција, како што веќе објави МИА, се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.
Во овој момент, приоритет има Врховниот суд, односно соопштувањето на одлуката, а дури потоа ќе се одредат датумите за другите два процеси, тоа за фалсификуваните патни исправи и барањето за азил.
Горан Грујевски и Никола Бошковски од 13 февруари по нивното пренесување од Солун во Атина, се наоѓаат во атинскиот затвор „Коридалос“.
Сите четири рочиште во Врховниот суд во Атина поминаа без никаков интерес од медиумите во Грција, а единствен новинар во судницата беше дописничката на МИА од Атина, нешто што беше и еден од аргументите на адвокатите на Грујевски и Бошковски да побараат рочиштето да биде зад затворени врати.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот