Македонија
12. July 2018 - 16:09

За едни историски успех, за други фијаско е исходот од Самитот

Од најрадосен ден од самостојноста на државата до целосно фијаско.  Дијаметрално спротивни се партиски рекации на власта и опозицијата за  одлуките од последниот самит на НАТО  за Македонија и поканата за членство.  

СДСМ преку комисијата за одбрана ќе поднесе Декларација за поддршка на НАТО интеграциите, бидејки како што велат поканата и членството во НАТО не носи само загарантирана безбедност, туку отвараат пат до нови фондови, носи повеќе инвестиции и нови работни места.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека декларации и резолуции во делот на евроатланските интеграции биле носени и претходно и секогаш како надпартиски документи, но дека поканата за НАТО од нивно време е со поголема тежина од оваа сега.

Сепак, и власта и опозцијата без да ги откријат своите позиции, велат дека ќе учествуваат во партиски разговори во Собранието  по самитот на НАТО што ги најави премиерот Заев за обврските од евроатанските интеграции и за деталите околу рефенрендумот за името.

И од владејчаката  ДУИ иако првично за нив рефенрендум за името беше непотребен, велат дека ќе учесествуваат на ваквите разговори. Нивниот став е дека референдумскотот прашање треба да биде во контекст на еввроаталнските интеграции, бидејки сите партии во своите програми ја имаат зацртано ваквата стратешка цел.

Видеа од Македонија

  •  
  • Страна 1