За два месеци стартува изградбата на шест регионалани патни правци
Патната мрежа во земјава добива европски лик. Македонија е претворена во големо градилиште а според министерот за транспорт и врски Мисајловски во наредните два месеци ќе стартува изградбата на 6 регионални правци. До крајот на месецов ќе почне и реконструкцијата на последната делница од Коридорот 10 од Смоквица до Гевгелија со должина од 10км.
Мисајловски информираше дека до крајот на годината се очекува да биде потпишан договорот за реконструкција на потегот од Скопје до Куманово во двата правци, а започнат е и тендерот за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско. Директорот на ЈП за државни патишта изјави дека деновиве се очекува да биде објавен тендерот за изградбата на експресниот пат Крива Паланка Ранковце.
Паралелно тече и изградбата на трите автопати Миладиновци – Штип, Демир Капија Смоквица и Кичево Охрид, за кои што ќе се инвестираат преку 800 милиони евра. Завршени се и 28 локални патишта а 17 се во фаза на реконструкција.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
