Македонија
25. February 2020 - 11:53

За ДУИ нема ништо спорно книгата со наслов "Албанците во Северна Македонија (Источна Албанија) се борат за национална независност" да добие државни пари

За Демократската унија за интеграција нема ништо спорно во тоа со државни пари да се финансира издавањето на книга со наслов "Албанците во Северна Македонија (Источна Албанија) се борат за национална независност".
 
Валмир Азири од ДУИ вели дека демократско право на авторот е како ќе ќе ја наслови книгата. За делот "Источна Албанија" вели дека Балканот е преплавен со географски одредници, и ниту тоа не е спорно.
 
Азири не гледа што за јавноста е скандалозно во насловот на книгата.
 
Даниел Василев