За долг од 5.000 му стигнал налог за извршување од 292.263 денари - доколку не го плати ќе остане без куќа
Македонскиот музичар Владимир Софрониевски, неговата сопруга и трите малолетни дечиња, деновиве минуваат низ вистинска голгота.
Семејството Софрониевски добило решение од извршител со закана дека ќе им биде одземена куќата во која живеат. Петчленото семејство живее во семејна куќа во Маџир маало со вкупна површина од само 27 квадрати. Сега се под сериозна закана дека ќе го загубат и тоа кое го имаат и дека ќе останат на улица.
Музичарот првично се терети дека неговото куче каснало човек. Случајот влегува во суд, а Софрониевски никогаш немал куче во негова сопственост. Пред 7 години е констатирано дека за овој случај нема никакви докази и дека тој нема за што да биде казнет. Софрониевски немал куче, а е тужен дека негово куче каснало човек!
Кога мислел дека случајот е решен, македонскиот музичар доживува шок. Случајот го превзема друг судија и во прво рочиште изрекува казна од 5.000 евра. Софрониевски тврди дека воопшто не е повикан на суд, нема сведочено, ниту пак пред него се изнесени докази за делото за кое пресудата веќе била донесена.
Тој тргнува низ судскиот лавиринт, но крајот никако да дојде. Поднесува жалби, го одбиваат. Бара докази, ги нема. Бара да сведочи, не го викаат.
Кога помислува дека најлошото помина, дури тогаш почнува пекол.

Главниот долг, првично е 5.000 денари. Сегашниот, каде се пресметани камати на главен долг, главен долг, камати, трошоци за адвокат… изнесува 292.263 денари. Дополнително, само трошоците за извршување чинат 38.621 денар.
Налогот за извршување наведува дека ако Софрониевски не го подмири долгот, ќе остане без куќа.
Соочен со правната неправда, заканите, огромниот наводен долг, страв дека ќе остане без куќа, но најмногу обврската да си ги заштити децата се причината поради која Софрониевски најавува дека нема да се откаже од неправдата. Денес член на неговото семејство ќе оди на средба и кај Народниот правобранител, а ќе реагираат и секаде каде што можат.
Софрониевски, инаку, е со телесен инвалидитет. Неговото синче има тргнато по стапките на семејството и се занимава со музика. Оди на натпревари, ја претставува Македонија и ја прави публиката горда. Трите дечиња, наместо да уживаат во детството, денес живеат во страв, соочени со неправда претешка за сфаќање дури и од возрасните, а уште повеќе од нив.
Софрониевски апелира до сите хумани граѓани кои можност да му помогнат 200002386288553 Владимир Софрониевски
Ново на Сител
-

Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО
-

Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица
-

Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
