За десет месеци во Германија азил побарле 32.000 Косовци
Од јануари до крајот на октомври во Германија за азил аплицирале 32.000 косовски граѓани, јави косовската телевизија.
Во другите западноевропски земји пак бројот на косовските граѓани-азиланти е значително намален.
Овие податоци, како што јави допсиникот на МИА, се изнесени на тркалезната маса на насловена „Вработувањето и миграцијата“, одржана во Приштина.
Според германската амбасадорска во Приштина, Ангелика Виц, проблемот лежи во тоа што секоја година по околу 30.000 Косовци, главно млади, се јавуваат на пазарот на труд, а нема можност сите да најдат работа.
Косовскиот министер за труд и социјална благосостојба Арбен Абраши смета дека вработувањето, образованието, миграцијата и реинтеграцијата се прашања од витален интерес за Косово, посебно кога се има предвид големиот број на Косовси кои моментно се без работа.
На средбата било кажано дека бројот на неврабтените заклучно со ноември годинава изнесува 114.000 лица.
Ново на Сител
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД
-
Владина иницијатива за разрешување на Коцевски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ
-
Две девојки се степале во автобус на ЈСП
-
20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје
-
Косовец пробал да криумчари 1.260 ампули и 4.410 таблети од разни лекови и стероиди, поднесена пријава