-->
-->
За десет години Албанија ја напуштиле 500 илјади граѓани, бранот продолжува
-->
![]()
Најмалку 500 илјади Албанци ја напуштиле земјата во период од една деценија, односно од 2010 до 2020 година.
Ова се официјалните податоци објавени од албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ и ЕУРОСТАТ, додека бројот на оние кои ја напуштиле земјата повеќе од сигурно е многу поголем.
Германија е една од земјите која е најпосакувана дестинација за албанските имигранти.
„Во соопштение пред неколку дена, германската амбасада најави олеснување на процедурите за голем број струки, како лекари, медицински сестри, дадилки за деца, квалификувани работници. Сега секојдневна слика пред амбасадата се долгите редици луѓе кои чекаат да добијат работна виза или за спојување со семејството“, јави Њуз24.
Меѓу оние кои чекаат да аплицираат е и човек кој веќе пет години е разделен од сопругата која живее во Германија и е вработена како готвач. Според него, една од причините за заминување се тешките услови во кои се наоѓа државата.
За социологот Гзим Туши, заминувањето на албанските граѓани, пред се млади луѓе, се случува од повеќе причини, главно поради немањето перспектива за иднината.
Тој подвлекува дека државата треба да следи други политики
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
-

За околу 300 евра повисоки плати ќе добијат уставните судии ако нема законски измени
-

„Здрава Котлина“ порачува, рудник на Огражден нема да има, Владата мора повторно да одлучува
-

Успешен во светот, подготвен да помогне дома – Авнија Насуфоски постојан набљудувач во канцеларијата на ОН во Женева
-

Околу 70 поети на Струшките вечери на поезијата
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

Муцунски даде отчет за сработеното во изминатите две години
-

Јаневска: Реализиравме бројни реформи, го подигнуваме квалитетот на образованието
