За четири часа откриено 21 лице како управуваат под дејство на алкохол
На подрачјето на СВР Тетово во текот на ноќта, од 22:00 до 04:00 часот, е спроведена акциска контрола за утврдување дали возачите управуваат возила под дејство на алкохол. На тетовското подрачје контролирани се 85 возила при што е утврдено дека 13 лица возеле под дејство на алкохол. Во Гостиварско имало 72 контроли, а кај и 8 лица кај кои тестот покажал дека пиеле алкохолни пијалоци.
-На сите 21 лице им се одземени возачките дозволи и биле исклучени од сообраќај. Истите лица ќе се соочат со мандатни платни налози. Во зависност од степенот на присуство на алкохол во крвта предвидени се казни од 250 до 400 евра, како и времена мерка за одземање на возачката дозвола од 3 месеци до најмногу една година, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во контролите откриени се и уште вкупно 26 друг вид на прекршоци на двете подрачја. Само во Тетовско, во септември 61 лице добило казни и одземање на возачка дозвола поради управување возила под дејство на алкохол.
Ново на Сител
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата

