За 6 месеци 2000 новооткриени лица со хипертензија помалку за истиот период лани
Се намалува бројот на лицата со покачен крвен притисок. Според потатоците од Мој термин, за половина година евидентирани се 46 775 лица со новопоставена дијагноза хипертенизија , што е за 2000 пациенти помалку во споредба со претеходните шест месеци.
Тенденцијата на намалување на новозаболените се должи на промена на стилот на живеење и начинот на исхрана, велат од министерството за здравство. За ваквите резултати придонеле и кампањите за здрав живот, со кои се потенцира важноста од конзумирање на здрава храна и зголемена физичка активност.
Според препораките од специјалистите во оваа област, редовната физичка активност спречува појава на покачен крвен притисок, дијабет, срцеви коронарни заболувања, а воедно го зајакнува
имунитетот, спречува појава на деформитети на телото.
Практикување на ваков стил на живот, до 80 проценти го намалува ризикот од срцеви заболувања, кои се водечка причина за смртност во светки рамки
Хипертензијата не бира возраст. Во последните години се намалува и старосната граница. Во земјава, петгодишно дете е најмалиот пациент со ова заболување. Токму затоа редовната физичка активност и здравата храна се значаен фактор за борба протов високоиот крвен притисок.
Според статистиката, во светот секој трет човек боледува од хипертензија, во Мкедонија секој четврти. Високиот крвен притисок е најчест ризик фактор за инфаркт, излив, артериосклероза. Доколку не се контролира и следи може да предизвика и други болести.
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
