Свет
3. February 2016 - 20:04

За 26 февруари најавени парламентарни избори во Ирска

Ирскиот премер Енда Кени денеска најави одржување парламентарни избори во земјата на 26 февруари. 

- Денеска ќе побарам (од претседателот на Републиката) да го распушти Собранието со цел изборите да се одржат на 26 февруари, напиша Кени на својот профил на Твитер. 

Согласно ирските закони, изборите се одржуваат во рок од 30 дена по распуштањето на Парламентот.