Свет
18. March 2020 - 13:10

За 24 часа, нови 147 смртни случаи во Иран

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 во Иран починаа 147 лица, што е речиси 15 проценти повеќе во однос на претходниот ден. Вкупно број смртни случаи од новиот коронавирус се зголеми на 1.135 лица.

Заменикот министер за здравство Аиреза Раиси посочи дека во Иран се заразени 17.361 лице.

– За жал, во последните 24 часа имаме нови 1.192 случаи на коронавирус. Ги молиме луѓето да ги следат упатствата и да останат во своите домови, потенцираше Раиси.

Бројот на жртви продолжува да се зголемува, што ги загрижува експертите во Иран, со оглед на тоа дека в петок се одбележува Персиската Нова година, поради што расте стравувањето дека вирусот дополнително ќе се прошири.