За 16 отсто ќе се зголемат платите на персоналот во градинките во Општина Центар
Советот на Општина Центар на вчерашната седница ги изгласаа предлог-одлуките за утврдување на максималниот износ на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорите во градинките на територија на Општина Центар.
– Со овие предлог- одлуки се опфатени градинките „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Раде Јовчевски – Корчагин“. Воспитувачите, негувателите, стручните соработници и директорите на овие јавни установи ќе добијат зголемување на платите за 16 отсто. Исплатата на зголемените плати почнува со исплатата на јунската плата, во текот на јули, информира Општина Центар.
Покачувањето на платите на целокупниот персонал во градинките, како што се наведува, е во согласнот со измените и дополнувањата на Законот за заштита на деца, а во насока на подобрување на условите во детската заштита, унапредување на квалитетот на предучилишното образование и мотивирање на кадрите кои се грижат за децата во градинките.
На 31. седница на Советот на Општина Центар советниците изгласаа и три предлог-одлуки што се однесуваат на меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Центар.
Со првата одлука за меѓуопштинска соработка, Град Скопје и Општина Центар ќе почнат заедничка изработка и донесување регулациски план на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022, четврт З 10 – Дебар Маало, што ќе го изработува Градот, а со финансиски средства ќе учествува и Општина Центар. Новиот регулацискиот план ќе ги регулира јавните и сообраќајните површини и паркирањето во Дебар Маало, а ќе се избрише спомен-објектот „Стара градска школа“ во барок што беше предвиден да се гради на местото зад Општина Центар.
Останатите две одлуки се однесуваат на соработка во проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на станбени и сервисни улици што се наоѓаат на територија на Општина Центар и одржување на дел од улицата „11 Октомври“ (делот од ЈЗУ „Универзитетска клиника за хируршки болести“ до „Порта Македонија“) и од улицата „Димитрија Чуповски“ (потег од „Порта Македонија“ до ТЦ „Палома Бјанка“).
На Советот е усвоена и одлуката за зголемување на финансиското учество на Општина Центар за реконструкција на коловоз на улицата „Рилски конгрес“, локалитет Тасино чешмиче и предлог-одлуката за обезбедување простор во општинските основни училишта за потребите на пинг-понгарската федерација на нашата држава.
Ново на Сител
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип

