За 100 милиони од ЕБОР, ќе менува стратегијата за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј
Акциониот план за енергетика ќе се менува следната година а со тоа и роковите за зелениот план кој ги опфаќа РЕК Битола и Рек Битола. Сумата од 100 милиони евра кои Владата планира да ги земе од ЕБОР според овие планови треба да ги затвори енергетските комбинати тврди опозицијата а со тоа државата ќе прави поголем увоз на струја. Од Владата тврдат дека тие стратешки документи се правени пред енергетската криза и ќе се менуваат следната година.
И министерот за економија тврди дека држават ќе може и без овие пари. Инаку над 100 милиони евра од ЕБОР беа наменети за ЕСМ за да може да купува енергенси. Од Владата ги повикаа фирмите кои сами се префрлија на регулиран пазар на струја со изигрување на законот, да се вратат сами на слободниот пазар, доколку не го сторат тоа ЕВН од 1 јануари ќе им ја исклучи струјата.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар