Македонија
19. August 2023 - 16:31

За 10 дена Скопје се враќа во вообичаениот ,,сообраќаен хаос‘‘ - кога ќе се стави во функција мостот ,,Беласица‘‘

Мостот Беласица не претрпел многу штета во пожарот и ќе се прави само површинска санација. Директорот на институтот кој е задолжен за анализа на штетите, вели завршиле со детална инспекција со што ја потврдиле првичната проценка. ЕСМ ги отстрани цевките за парно од мостот и теренот е подготвен за работа.

Санацијата на мостот според Гаревски ќе ја прават од ЕСМ. Потребно е да се нанесе нов слој на бетон за да се зацврсти арматурата. Според деталните инспекциски контроли кои ги направиле, оценува дека е позитивно што внатрешноста на мостот не е оштетена.

Метежот во главниот град не стивна ниту летово. За десет дена почнува учебната година со што дополнително ќе се зголеми фреквенцијата во сообраќајот. Од Град Скопје нема одговор кога ќе почнат со санација и за колку време ќе биде пуштен мостот. Во неколку наврати  градоначалничката Арсовска најавуваше дека мостот ќе го пуштат за неколку дена, но оттогаш поминаа месеци.