Вулин ги повика косовските Срби да гласаат за Српската лист
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска ги повика Србите во Косово што помасовно да излезат на локалните избори на 22 октомври и да гласаат за Српската листа.
- Ги повикувам да излезат во што е можно поголем број, да гласаат за Српската листа и никому да не доволат да одлучува на место нив. Тие живеат во Косово и Метохија и најдобро знаат дека Српската листа е врската со Владата на Србија, таа е гаранција дека Владата ќе продолжи да го финансира животот на Косово и Метохја и ќе продолжи да биде решавачки фактор на Косово и Метохија, изјави Вулин.
Тој посочи дека изборите во Косово секогаш биле важни за Србите и дека тие на нив „одлучуваат за својата судбина, ја превземаат судбината во свои раце и не дозволуваат кој било да решава место нив“.
- Србите на Косово и Метохија се политички зрели и храбри. Тие ја сакаат својата земја и ќе донесат најдобра одлука, а јас ги повикувам да гласаат за Српската листа, нагласи Вулин.
Локалните избори во Косово ќе се одржат в недела 22 октомври.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра