Вуков: Лекцијата Монако е научена, одиме понатаму
Македонскиот автомобилист Ристо Вуков се врати од првата трка што ја возеше во Порше Суперкуп, за која вели дека била голема лекција за него.
Вуков за прв пат возеше на патека со многу свиоци низ улиците на кнежевството, воедно промовирајќи се и како прв македонски возач што учествувал во трка која се вози на оваа локација.
– Имав само 10 круга тренинг во четвртокот, а потоа следеше излетувањето во првиот круг од квалификациите. Ме понесе желбата да направам подобар резултат, бидејќи квалификациите се клучни за секоја трка што се вози низ улиците на Монте Карло, што се должи на фактот дека нема многу шанси за престигнување. Сепак, она што сите го кажуваат дека во природата на оваа патека е да биде сурова, бидејќи нема зони за излетување и бариерите се премногу блиску до асфалтот, јас го научив на сопствена кожа. Стартував како последен и не сакав да направам уште една грешка, бидејќи тимот направи се што можеше да го подготви автомобилот за трка. Нов инцидент ќе го компликуваше мојот следен тест на Хунгароринг идната недела, па затоа единствена желба ми беше да го доведам автомобилот до целта без оштетувања. Својата шанса ќе ја барам во следните настапи, изјави Вуков.
Официјално, тој трката ја заврши на 18. место од 29 возачи кои стартуваа, со резултат околу 15 секунди зад победникот.
По најавениот тест во Унгарија, Вуков ќе се подготвува за следниот настап на 2 јули во Австрија, на патеката „Ред Бул Ринг“.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза