Вучиќ: Во понеделник ќе се конституира Собранието, а кон средината на август и владата

– Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е извесно дека собранието ќе биде конституирано во понеделник, а потоа се очекува да биде формирана и влада кон средината на август, јави дописникот на МИА од Белград.
- И сега, поради доаѓањето на шпанскиот премиер, извесно е дека собранието ќе се формира дури во понеделник, и тоа ќе биде завршено на 1 август, а потоа од средината на август може да се очекува формирање на владата, изјави Вучиќ. Владата на Србија ќе биде по мерка на народот, односно како што избраа граѓаните на Србија, изјави Вучиќ и посочи дека не е тука да исполнува нечии желби.
Коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, дека очекува прозападна влада и дали ќе му ја исполни желбата, Вучиќ одговори: - Не сум тука да исполнувам желби. Граѓаните избираат, а тие избраа Србија да има српска Влада, која ќе се грижи за своите интереси, кажа Вучиќ.
Тој изјави и дека му е драго што Хил рекол дека нема да се меша во изборот на министри, што вели дека е нормално, додавајќи иронично дека е сигурен дека амбасадорите не се мешале во ова претходно, особено во 2008 година, но и порано. Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, за денешен Блиц изјави дека би сакал во Србија да види прозападна влада и министри кои веруваат во стратешките насоки за кои гласале Србите и дека Србија мора да се сврти кон Запад и дека не постојат други опции.
- Би сакал да го видам тоа и разбирам дека формирањето влада е комплицирано. Порано кога ќе ме прашаа за одредени позиции, а јас давав предлози, многупати ќе испаднеше дека грешам. Не им кажувам на владите кого да постават на кои позиции, кажа Хил. Како што додаде, живееме во важни и критични времиња и ќе биде неопходно да се донесат многу важни одлуки, како оние за енергетските извори.
- Би сакал да видам влада која е способна да ги надмине овие предизвици и која сака да се движи кон Запад. Многу е јасно дека граѓаните на Србија го избра тоа, рече Хил. На прашањето колку кризата во Украина влијае на односите меѓу Србија и САД, тој одговори дека смета дека тоа „отвора предизвици, но и можности, како што прават сите кризи“.
- Во однос на предизвикот, знам дека многу Срби се чувствуваат како да се нашле во теснец, но исто така мислам дека, што се однесува до многу Срби, тоа е одлучено и дека тие мислат дека Србија мора да се сврти кон Запад. Србија мора да се сврти кон Запад, нема други опции, рече Хил.
Ново на Сител
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
