Вучиќ вечерва во Берлин се состанува со Гренел

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе учествува на 56-тата Минхенската конференција за безбедност, каде ќе има серија билатерални средби со официјални претставници од светот, претставници на меѓународните организации и компании, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ најави дека вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник на претседателот на САД за разговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, со кој, како што кажа, ќе разговара и за можноста за постигнување на договор за воспоставување на железничка линија меѓу Белград и Приштина, додолку се договорат сите детали на таа иницијатива на Гренел.
Во пресрет на конференцијата во Минхен, Вучиќ оцени дека конфренцијата е од големо значење за Србија, бидејќи ќе може подобро да процени кои се „понатамошните чекори на Приштина, кои се чекорите на Германците, Американците и на сите други во меѓународната заедница“.
Соговорници на Вучиќ ќе бидат и в.д. помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, како и некои истакнати американски сенатори.
Исто така, претседателот на Србија ќе разговара со Дејвид Вадефул, шеф на работната група за Западен Балкан во германскиот Бундестаг, како и со советникот на германската канцеларка Ангела Меркел за надворешна политика и безбедност, Јана Хакер и со други политички претставници.
Српскиот претседател ќе учествува и на тркалезната маса за безбедност на Балканот „Координација, соработка, консолидација? Поттикнување на напредокот на земјите од Западен Балкан“.
Ново на Сител
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
-

Младите и социјалните мрежи
