Вучиќ утре ќе разговара со македонската амбасадорка во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе ја прими македонската амбасадорка во Белград Вера Јовановска Типко.
Средбата ќе се одржи во 11 часот, пренесува Танјуг.
Претседателот на македонската Влада Зоран Заев и српскиот претседател Вучиќ денеска телефонски разговараа по повлекувањето на српскиот персонал од Амбасадата во Скопје.
Македонија и Србија ќе работат на зачувување и унапредување на билатералните односи, а секое евентуално несогласување во меѓусебните односи ќе го решаваат исклучиво со дијалог, договориле Заев и Вучиќ во денешниот телефонски разговор за новонастанатата состојба во односите меѓу Скопје и Белград.
Како што се наведува во заедничкото соопштение, тие се согласиле дека Република Македонија и Република Србија, без оглед на сите политички разлики за одредени важни политички регионални прашања, заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските односи меѓу македонскиот и српскиот народ и граѓаните на двете земји.
Ново на Сител
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
