Балкан
7. September 2015 - 17:53

Вучиќ: Србија ќе се покаже како вистински, европски партнер

Србија ќе биде вистински европски партнер во решавање на актуелните предизвици, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Вуќиќ изрази задоволство од разговорот со Меркел, уверувајќи дека до крајот на годинава ќе бидат отворени првите поглавја со Србија.

- Секој разговор со Меркел претставува посебна чест и покажува како угледот на Србија во светот станува се посилен и не може веќе да се крие, истакна српскиот премиер.

Според Вучиќ, во врска со лажните азилатни брзо постигнале согласност, но најмногу време разговарале за бегалската криза, бидејќи постои поделба на економски мигранти и вистински бегалци.

- Вистинските бегалци доаѓаат од Сирија, Ирак и делови од Авганистан. Разговаравме како се однесуваат определени европски земји. Гордо истакнав дека Србија покажува апсолутна солидарност со проблемите на бегалците, но и со Германија и Европа, нагласи Вучиќ.