Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто

Решавањето на спорот за името на една држава, каков што е случајот со Македонија, не може да се спореди со проблемот со Косово, изјави денеска во Крушевац српскиот претседател Александар Вучиќ.
Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став околу решавањето на спорот околу името на Македонија и дали поради тоа очекува притисок врз Белград во врска со односите со Косово и БиХ, Вучиќ одговори дека тоа се неспоредливи работи.
- Немојте да го споредувате проблемот со едно име, дали ќе се вика Стара Србија, Србија северна или јужна, со проблемот на Косово, каде имаме проблем со над милион луѓе и 10.000 спорни квадратни километри, изјави српскиот претседател, изразувајќи надеж дека и за тоа е можно изнаоѓање на решение.
Повод за новинарското прашање, беше изјавата на Вучиќ дека очекува големи притисоци, од надвор и од внатре, со цел слабеење на позицијата на Србија во преговорите со Приштина, заради неможност да се дојде до решение или да се најдат решенија од кои ниту едно нема да биде добро.
Со сличен став денеска се огласи и српската премиерка Ана Брнабиќ, која одгварајќи на новинарско прашање дали по договорот оклу името на Македонија се зголемуваат притисоците врз Белград за решавање на косовскоти прашање, одговори дека Приштина самата кажала да нема своја надворашна политика, тука нејзината политика е надворешната политика на САД.
Ново на Сител
-

Пропадна предлогот за минималец од 600 евра, функционерските плати ќе останат исти
-

Уставен пресече - пензиите на пензионерите во странство не може да растат како оние на македонските пензионери
-

Од 1 март плаќање онлајн само со двојна верификација
-

„Нет без хејт“
-

Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Се намалуваат коефициентите за пресметка на функционерските плати
-

Совет на јавни обвинители: Не е во ред Филков да ги прозива судиите и обвинителите со име и презиме
-

СДСМ: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено
