Вучиќ со Заев и Рама: Посилен регион преку напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека регионот може да биде значаен фактор само со соработка, бидејќи само заедно може да се надминат сите предизвици, вклучително и актуелната пандемија.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ во говорот на видео панелот во рамките на 5-от регионален форум на млади лидери на тема „Поврзување во време на пандемија: закани и можности“, на кој учествуваат и премиерот на Македонија Зоран Заев и на Албанија Еди Рама, истакна дека сите наши земји се премали и дека само преку соработка и поврзување можат да постигнат значителни резултати во економијата и градењето на иднината.
Во врска со ова, тој потсети дека на последниот состанок на е постигнат договор за здравствената соработка во борбата против ковид 19, изразувајќи надеж дека истиот ќе биде постигнат пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.
-Тој договор ќе им овозможи на граѓаните на Србија, Албанија и Македонија да патуваат без ПЦР-тест, верувајќи им на здравствените власти на земјите. Тоа исто така значи и взаемна помош, меѓу другото, и на можноста граѓаните на Македонија и Албанија да ги користат нашите болници за лекување, што ќе не направи многу посилни, објасни Вучиќ, додавајќи дека соработката вклучува и размена на медицинска опрема и сè друго што е потребно во борбата против Ковид 19.
Според него, иницијативата „малиот Шенген“ ќе го менува регионот.
Вучиќ посочи дека поврзувањето преку „малиот Шенген“, предвидува поттикнување и на претприемништвото, помагање за започнување бизнис, што е добро за младите.
Треба да соработуваме и во областа на образованието, а веќе постои соработка во развојот на инфраструктурата и трговијата, додаде тој.
Тој истакна дека го гледа балканскиот регион како силен двигател на идниот европски економски раст.
На прашањето дали може да се каже дека преку оваа иницијатива нашите земји се подготвуваат за ЕУ, Вучиќ кажа дека сите три земји се на европскиот пат и дека се договорени четирите слободи на кои се темели Унијата.
Тој посочи дека во регионот постои навика европскиот пат да се користи како изговор за избегнување на регионалната соработка.
Сепак, тој нагласи дека покрај евроинитеграциите, потребно е да се работи и на подобрување на животот, а најдобриот начин за потикнување на економијата и политичка соработка се иницијативите за соработка како што е „мини Шенген“.
-Ако ние самите тропнеме на вратата на ЕУ, тие не мора да ја отвораат, но ако сите ние заедно тропнеме, тогаш тоа е поинаку, потенцираше Вучиќ.
На прашањето што планира за претстојниот самит во Берлин во Софија, Вучиќ рече дека не може да најави ништо, бидејќи со претставниците на Македонија и Албанија прво мора да се договори за заедничката платформа.
-Сè е во взаемната доверба. Ние претставуваме независни земји и имајќи предвид дека некои амбасадори сметаат дека можат да ни наметнат некои свои идеи, мислам дека треба прво да се консултираме со соседите, а потоа со другите, рече тој.
Ново на Сител
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра
-
Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%