Вучиќ: Сметаме на поддршката од Русија во меѓународната арена

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во пресрет на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека односите со Русија се пријателски и братски и дека „Србија ако може да се потпре на некого во меѓународната арена тоа е Русија, како и тие на нас“.
– Успеавме во време кое не е нималку лесно, со безброј притисоци, да се придружиме на ставовите против Москва, да ја задржиме независноста во донесувањето одлуки затоа што ние не забиваме нож во грб на пријателот, рече Вучиќ во интервју за ТВ Хепи.
Тој додаде дека Путин секогаш имал разбирање за Србија, што се гледа и по бројот на средби, и дека никогаш не ја условувал соработката.
Вучиќ нагласи дека на Србија и е потребна соработка и со Европската унија и со Русија, иако е тешко, бидејќи никогаш нема да бидат сите задоволни.
– Некои Европјани пред да заминам за Русија ме прашаа зошто одам кај Путин. Па, затоа што вие чекате три часа во ред, а јас не морам, рече Вучиќ, додавајќи дека и делегации од Запад ги „бркаат“ низ целиот свет кинеските претставници да се сретнат со нив за економска соработка.
Зборувајќи за Путин, тој рече дека успеал да ја подигне Русија да стане „политички џин“ кој се консултира речиси за сите прашања во светот, „поради што на некои во светот не им е омилен“.
Вучиќ потсети дека првпат се сретнал со Путин во 2013 година.
Ново на Сител
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
-

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава
-

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства
-

18 годишникот кој усмрти жена кај ТЦ Беверли Хилс заедно со неговиот татко избегал од државата
-

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци
-

Австралија се бори со најлошите шумски пожари од „Црното лето“
-

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено
-

Приведени крадци од Кавадарци, дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
