Вучиќ: САД за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека за неколку дена Соединетите Американски Држави ќе воведат санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС) поради руска сопственост.
„Соединетите Американски Држави ќе воведат целосни санкции против нафтената индустрија на Србија за неколку дена поради руската сопственост“, изјави Вучиќ за српските медиуми.
Вучиќ посочи дека санкциите дополнително ќе ги комплицираат односите со Русија, нагласувајќи дека Србија мора внимателно да ги разгледа следните чекори.
„Ова ни отвора проблеми со нашите руски пријатели, од политички до економски. Која е целта? Да се воведат санкции кон Русија? Тоа е нереално. Треба да видиме што ќе биде конкретно наведено, колку време ќе ни остане и што ќе се подразбира под тие санкции, на пример, дали е можно да се намали руската сопственост под 50% Ќе мораме да разговараме за тоа со Русите, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој додаде дека Србија очекува преговори и за гасниот аранжман и оти ги постигнале сите потребни договори за оваа зима.
„Ова е геополитичка одлука која се донесува долго време и не е ненадејна. Знаевме дека Европа размислуваше за санкции повеќе од две години, но не и дека САД подготвуваа таков потег. Затоа инсистиравме за изградба на нафтовод до Унгарија, за да имаме алтернатива. Ќе најдеме решение, но мора да разговараме и со Американците и со Русите“, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација