Вучиќ: Повторно ништо не се случи
На медиумите од Брисел им се обрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој изјави дека дал голема поддршка за отварање на пристапните преговори со Македонија и Албанија.
„Денес Србија даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно, ништо не се случи. Ова е неопходно затоа што двете земји направија се. Ви благодариме на сите што ја поддржаа нашата земја. Повеќе од 20 лидери не слушаа за неколку часа и благодарен сум и на Макрон за иницијативата за нова политичка заедница. Благодарен сум и на Рама и Ковачевски што беа фер кон Србија, покажаа почит“, изјави Александар Вучиќ.
Тој додаде дека е должен да ги спроведува препораките на Советот за национална безбедност и да ги штити интересите на нашиот народ.
„Мислам дека ќе успееме заедно да ги решиме тешкотиите, како ова што и е наметнато на Северна Македонија. Сакавме сами да се грижиме за нашиот регион, тоа беше идеја. Некој рече дека тоа е идеја на Путин, а јас никогаш не сум разговарал со него на таа тема. Зошто би било тоа потребно? Никому не му требаше тоа, освен нас. Конечно, сакам да им се заблагодарам на моите европски колеги за нивното трпение. Знам дека денес е одличен ден за нив. Разбирам дека Димитар и Еди се поисфрустрирани од мене, но мислам дека работите може да се свртат на подобро до септември. Ќе спроведеме реформи во областа на правото и другите области“, додаде Вучиќ.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори