Вучиќ: Политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што Курти ќе го продолжи
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека политиката за „создавање Голема Албанија“ е процес што ќе продолжи и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да застане.
-Албин Курти нема да застане тука. Кој мисли дека има начин да го запре господинот Курти – нема начин за тоа прашање. Нема начин да го постигне тоа, но постои начин да не го постигне тоа бидејќи вие во одреден момент ќе му се спротивставите – рече Вучиќ утрово за РТС.
Зборувајќи за посетата на Курти на Тетово и Скопје, Вучиќ изјави дека проблемот не е едно знаме на „Голема Албанија“, туку она за што Курти зборува и начинот на кој тоа се најавува.
-Тие што го штитат, особено во Белград, велат дека сум бил во Приједор. Па, бев, но бев најавен како претседател на Србија, не како претседател на сите Срби. Не како премиер на сите Албанци, како Албин Курти – рече Вучиќ.
Коментирајќи го недостигот на реакција на Западот за споменувањето на „Голема Албанија“, Вучиќ рече дека молчат затоа што не ги интересира приказната.
Ново на Сител
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
