Вучиќ: Односите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри
Задоволни сме со она што го имаме. Односите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос, говорејќи за иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.
– Луѓето мислат дека треба да бркаме некого за да го оправдаме своето постоење. Не мораме. Ги поканивме сите. Среќни сме со тоа што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме. Имаме добра соработка со сите, изјави српскиот претседател за ТВ Пинк од Давос.
Според Вучиќ, кој сака соработка е добредојден во иницијативата.
– Имате голем пад на популарноста на ЕУ не само во Србија, туку и во Северна Македонија. Имате клацкалка, треба да се прашаме како би гласал денес народот. Мора да има вина и на некои земји членки, а не само наша вина, изјави Вучиќ.
Тој порача дека не може во секое време да се бара од една земја да ја менува својата политика, како што некој ќе мисли дека треба да се менува.
– Србија е на европскиот пат, тоа е единствената политика што ја има Србија, но немојте наместо тоа што го направивте за нас, да слушаме дека треба да воведеме санкции. Србите и граѓаните на Србија се сеќаваат на она што се случи пред повеќе од 20 години. Не можете да се преправате дека се е исто. Треба да се обидете да разберете, да слушнете. Знаеме дека тоа е минато, но барем слушајте не, слушнете ги нашите маки. Не ни повторувајте секој ден што сакате од нас. Ние имаме свој народ, додаде Вучиќ.
На маргините на Светскиот економски форум во Давос, Вучиќ денеска разговараше и со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кого го поканил да присуствува на претстојниот самит на Отворен Балкан во Охрид.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари