Вучиќ: Односите меѓу Хрватска и Србија ќе бидат значително унапредени
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изрази уверување дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат значително унапредени, како и односите меѓу Србите и Хрватите во целина.
- Изразувам искрено уверување дека односите меѓу Србија и Хрватска ќе бидат значително унапредени, како и односите меѓу Србите и Хрватите во целина. Сигурен сум дека Владата на Хрватска, како и сите ние во Србија, во тој важен и позитивен процес ќе дадеме полн придонес, напиша Вучиќ на Твитер.
Тој воедно изрази оптимизам и кога е во прашање економијата и изрази надеж дека меѓусебната соработка на тоа поле во иднина ќе биде подобрена, бидејќи тоа е во интерес на двете земји.
Инаку, Вучиќ денеска ја завршува работната посета на Хрватска со средби со претставници на српската заедница во општината Гвозд, а попладне заедно со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ќе присуствува на собранието на Српскиот народен совет.
Вучиќ вчера имаше средби со Грабар-Китаровиќ, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со претседателот на Саборот Гордан Јадронковиќ.
Ново на Сител
-
Пукање во Скопје попладнево - полицаец заврши во болница
-
Се слушнал плач од сандакот: Предвреме родено дете во Индија живо закопано во гроб
-
Утре е неработен ден, a следен неработен ден е среда
-
Пендаровски: Во очи влезот на НАТО може да очекуваме политичка пропаганда и „фејк њуз“
-
Тешка сообраќајна несреќа во Бутел- автомобил излета од патот и се преврте на кров
-
Заев: Да не дозволиме да бидеме наивни да отвораме работи кои можат да не поделат
-
Детектор анкета: Повеќе од две третини од граѓаните на референдум би гласале за членство во НАТО
-
Намалена видливост од 50 до 100 метри на патот Страцин – Крива Паланка