Вучиќ: Одлуката на Црна Гора за границата е политичка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека одлуката на Црна Гора да не им дозволи влез на граѓаните на Србија во таа земја, „е без сомнение политичка одлука.“
Тој изрази надеж дека оваа одлука ќе се промени и дека ќе одлучат нивните интереси, посочувајќи дека Србија „нема да се валка во таа кал“, ниту ќе им забрани на граѓаните на Црна Гора да влезат во Србија.
-Како е Германија на списокот на оние земји чии граѓани можат да влезат, а има и 30 пати повеќе мртви? Како можат Австрија и Словенија, кои се пропорционално со повеќе мртви? Најдобро е да не тестираме никого, како што тоа го прават некои земји во регионот. Ние ќе продолжиме да ги тестираме граѓаните и да се грижиме за нивните граѓани, кажа претседателот на Србија.
Говорејќи за случајот со „Монтенегро ерлајнс“, тој објасни дека не знае како би сторила Србија тоа што им го прават Црногорците.
-Што да правиме, да ги ставиме луѓето во ред и да кажеме:Вие затоа што сте од Црна Гора, може да се качите во авион, а вие кои сте од Србија не можете, да им ги броиме ли нивните црвени крвни зрнца – кажа Вучиќ.
Како што истакна, Црна Гора не и дозволила на „Ер Србија“ да слетува во Црна Гора, но тие можат да доаѓаат со автомобил кога сакаат
-Сите граѓани на Црна Гора се добредојдени тука. Тоа не значи дека непостои лутина и бес на граѓаните на Србија кои се оправдани, рече Вучиќ, кој додаде дека „се тресе од страв од силата на нивните мерки“, повторувајќи дека нема да има никакви нови мерки.
На прашањето како ќе ги намали тензиите меѓу двете држави, Вучиќ изјави дека влезот во Србија ќе им биде затворен на припадниците на криминалните кланови.
-Тоа се од 50 до 100 лица, членови на криминални кланови од Јадранот, од Црна Гора – кажа Вучиќ, потенцирајќи дека причината за тоа е „заштита на граѓаните од криминалот“.
Тој изјави дека и досега на повеќе членови на криминални групи од Црна Гора им е забранет влезот.
-Но, секогаш не можете тоа правно да го изведете. Постои прв прстен… Треба да имате пресуди, но ние сега најдовме начин како да го изведеме тоа, кажа Вучиќ.
Ново на Сител
-

Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката
-

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
-

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
-

Системот „Безбеден град“ утре ќе се тестира во Тетово
-

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-, силен сигнал за доверба во економските политики, растот и фискалната стабилност
-

Филков: Се уште немаме номинации од Собрание за работната група за Изборниот законик
-

Сибиха: Путин цинично наредил напад врз Украина за време на преговорите во Абу Даби
-

„Сапорт Кочани“: Во третата распредалба донирани над три милиони денари
