Вучиќ очекува голем број странски претставници на инагурацијата
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ очекува голем број странски државници да присуствуваат на денешната инагурација.
На церемонијата предвидено е да присуствуваат претседателите на Македонија, на Црна Гора и на Хрватска - Ѓорге Иванов, Филип Вујановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ, како и тројцата членови на претседателството на Босна и Херцеговина и бугарската вицепретседателка Илијана Јотова.
На инагурацијата се очекува да присуствуваат и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот австриски колега Кристијан Керн, а од САД заменик-помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји. Од Кина ќе присуствува заменик-претседателот на кинеското Собрание, а од Белорусија близок соработник на претседателот Александар Лукашенко. Исто така ќе присуствуваат и Дмитриј Рогозин од Русија и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и претолонаследникот на Обединети Арапски Емирати шеик Мухамед Бин Зајед.
На церемонијата ќе бидат присутни и грчкиот премиер Алексис Ципрас, италијанскиот министер за одбрана и министрите за надворешни работи на многу земји.
- Тоа ќе биде исклучителен ден за Србија. Тоа покажува дека работата, трудот и грижата за народот се исплатат, посочи Вучиќ.
Ново на Сител
-
ДЗС: Раст на БДП од 1,2% во првиот квартал, стагнира македонската економија
-
Тема на денот со Славјанка Петровска
-
Младите не се мотивирани за општествен ангажман
-
Уставен остана без претседател
-
Гласачкото ливче со двајца, а желба за член на Судски совет има еден кандидат
-
Замениците ги преземаа министерствата
-
Прва координација кај Гаши - партиите без договор за формирање на собраниските тела
-
Филипче ќе се кандидира за претседател на СДСМ, во трката се Петровска и Деспотовски