Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и помошникот секретар на Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот Џејмс О’Брајан по денешната средба во Белград оценија дека Србија и САД имаат различни ставови по прашањата за Косово и Резолуцијата за Сребереница, како и дека разговарале за тоа „како да бидата партнери денес“, јави дописникот на МИА од Белград.
Џејмс О’Брајан изјави дека една од темите била престојаната посета на Вучиќ на Њујорк во ОН.
-Косово вети дека ќе ја спроведе обврската за формирање на ЗСО и тоа е од клучно значење за Србите. Ако постои загриженост дека меѓународната заедница не ги исполнува своите обврски, се надевам дека ќе работиме на исполнување на ветувањето и ќе помогнеме, изјави О’Брајан на прес-конференцијата по средбата.
За гласањето на Резолуцијата за Сребреница, тој рече дека бил дел од тимот што ги истражувал убиствата.
-Направено е злосторство и многу сторители беа истражени и осудени… Во тоа време владата на Србија ни ја гарантираше безбедноста, а во тоа време со нас беа и претставниците на ОН додека ја баравме вистината. Тоа го правиме и денес и мораме да се соочиме со вистината. Тогаш бевме партнери и сега треба да бидеме, изјави американскиот дипломат.
Вучиќ изјави дека на маса има многу тешки теми за Србија. Тој посочи дека во однос на Косово и Сребреница, Србија и САД за малку работи се согласуваат.
-Реков дека знаеме дека сме мали, дека Америка е велесила, но ќе се спротивставиме на насилството врз српската држава и народ колку што можеме и ќе се бориме. И да изгубиме, што да правиме, изјави Вучиќ.
Тој порача дека му е благодарен на О’Брајан за неговиот јасен став дека е исклучително важно Приштина да ја исполни својата обврска за формирање на ЗСО.
-Таа посветеност е голема и силна и е мртва буква веќе 11 години. Сите нè лажат – и Приштина и Европејците. Можно е и никој да не не лаже, но по 4.000 дена не направија ништо за Србите кои исполнија се од Бриселскиот договор, дури и одредени работи од Охридскиот договор, рече Вучиќ.
Зборувајќи за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ рече дека САД и Србија ниту за тоа прашање не се согласуваат.
-Тоа беше донесено како одлука на една нација против друга во рамките на БиХ, беше префрлено од Советот за безбедност во Генералното собрание на ОН, беше покрената, чудно, на многу важна 29-годишница и тоа не е насочено против Србите, туку онака, иронично кажа Вучиќ и додаде дека „ние Србите тоа не го разбираме така и ќе се спротивставиме во ОН доколку можеме“.
На средбата разговарано е и за економскта соработка меѓу Србија и САД.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите