Вучиќ: Нема предавање се додека не се формира ЗСО
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им порача на Србите на Косово дека „повторно се принудени да ги бранат своите огништа на барикадите“ и дека „нема предавање и нема да има“, јави дописникот на МИА од Белград.
– Пораката до сите останати е да се формира ЗСО, да се почитуваат правата и слободите на Србите и Србија и да се однесуваат во согласност со потпишаните договори и меѓународното право, бидејќи само така ќе почнеме да ги нормализираме односите и животите на сите нас, напиша Вучиќ на Инстаграм. Тој додаде дека „продолжува борбата со сите правни средства за мир, за подобар живот и иднина на нашите деца“. – Србија ќе победи, порача претседателот на Србија.
Вчера Србите поставија барикади на северот на Косово во знак на протест против апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ. И денеска северот е блокиран и од граѓаните и од полицијата. На премините Јариње и Брњак не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил. Ана Марија Ивковиќ, новинарка од Косовска Митровица за Н1 изјави дека ноќта поминала мирно на барикадите и дека се чека да се види каква ќе биде ситуацијата.
Ново на Сител
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД
-
Владина иницијатива за разрешување на Коцевски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ
-
Две девојки се степале во автобус на ЈСП
-
20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје
-
Косовец пробал да криумчари 1.260 ампули и 4.410 таблети од разни лекови и стероиди, поднесена пријава