Вучиќ: Не сметаат за виновни за проблемот со Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека ЕУ имала намера да укаже на страната која е повеќе виновна за недостигот на напредок во дијалогот Белград-Приштина, но дека некои земји кои го Косово побарале ставот да биде „урамнотежен“.
„Намерата беше повеќе да се укаже на страната која е навистина виновна, но потоа дојдоа од девет земји, колку што сум информиран, кои побараа да не се поистовети и побараа баланс“, изјави Вучиќ синоќа во Њујорк, одговарајќи на новинарско прашање дали на работен ручек со шефот на европската дипломатија Жозеп Борела ќе го постави прашањето зошто ЕУ повторно вели дека двете страни се виновни што не ги исполниле своите обврски.
Тој посочи и дека Србија не може да биде во предност, бидејќи тоа се земјите кои ја признаа независноста на Косово.
„Не сметаат за виновни за проблемот со Косово, бидејќи не го признаваме, а мораат да го слушаат некој мал Вучиќ кој ќе зборува за меѓународното право и дека сите знаат дека јас сум целосно во право, не е тоа многу пријатно или лесно“, рече Вучиќ, кој учествува на сесијата на Генералното собрание на ОН.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ
-
Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
-
ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок
-
Американскиот суд го ослободи Асанж по спогодбата за признавање вина
-
Русија и Украина разменија по 90 затвореници
-
Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Изменет сообраќаен режим на булеварот „Србија“ поради снимање филм
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија